петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го освои турнирот во Мадрид

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го освои турнирот во Мадрид

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски продолжи со одличната форма и пред крајот на оваа календарска годна го освои трофејот на ИТФ-турнирот во Мадрид.

Во финалето Калин играше против Марк Вајтхаус од Велика Британија. Дуелот македонскиот тенисер го доби со 2:0 во сетови. Во првиот сет Ивановски направи брејк и со 6:4 го доби сетот, а во вториот беше уште подобар.

Треба да се спомене дека Вајтхаус на АТП ранкигот беше за 50 места подобро пласиран од Калин кој сигурно ќе напредува од моменталната 627. позиција.

За Ивановски ова е трет трофеј во кариерата. Претходно ги освои фјучерсите во Хераклион (Грција) и во Монастир (Турција).