сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Омот Килде победи во Бивер Крик

Омот Килде победи во Бивер Крик

Норвежанецот Александар Омот Килде е победник на вториот супер-џи сезонава одржан во Бивер Крик, САД.

Благодарение на одличното возење во последниот дел од патеката, Килде го запре времето на 1:10.73 минути, што беше доволно за неговиот трет триумф сезонава.

Второто место со точно 20 стотинки заостанување му припадна на актуелниот лидер во Светскиот куп, Швајцарецот Марк Одермат.

Французинот Алексис Пантуро со минус од три десетинки се искачи на најниското скалило на подиумот.

Во генералниот пласман на Светското првенство води Одермат со 420 бодови, пред Килде кој сега е на 380. На третото место е Матијас Мајер со 186.