Францускиот тенисер Гаел Монфилс нема да игра на Австралијан Опен, но причината не е повреда, туку негова лична одлука.
Имено, причината е заштитениот ранк на АТП-листата, затоа што ако тој не игра на овој турнир, ќе може да го користи во иднина. Се работи за ранкинг за тенисерите кои се надвор од турнирите шест месеци, а важи за времето пред повредата.
Монфилс пред повредата беше 20-ти на АТП-листата, а сега е на 56. позиција. Нема играно од месец август, па така ќе се откаже и од Австралијан Опен за да го собере периодот од шест месеци за да може да игра на турнири со стариот ранк.