петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Путин со Мерцедес се возеше по нападнатиот Кримски мост

ВИДЕО: Путин со Мерцедес се возеше по нападнатиот Кримски мост

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се возеше со Мерцдес преку Кримскиот мост, помалку од два месеци по експлозиите кои го оштетија мостот.

Патниот и железнички мост долг 19 километри, кој беше отворен во 2018 година, беше нападнат на 8 октомври, а за нападот Русија ја обвини Украина

-Се возиме по десната страна. Левата страна, колку што знам, е функционална, но сепак треба да се заврши. Уште е малку оштетена и треба да ја доведеме во идеална состојба, изјави Путин.

Украина не ја превзема одговорноста за бомбардирањето на мостот кое се случи на денот на 70 роденден на Путин.