Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, на средба со постара Македонка вети дека младите ќе го зачувуваат името Република Македонија.
-Мајче, секоја твоја солза нема да биде залудно пролеана.
Секој плач за Македонија, е искрен крик за нејзино ослободување од оваа црна чума што надвиснала над неа.
Ние младите мајче, ти ветуваме дека ќе ја браниме секоја педа земја од нашата татковина и ќе го зачуваме ова наше свето и вековито име,
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, напиша тој.