среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали Арсовска сака да го приватизира ЈСП, бугарска компанија сака да го лапне по багателни цени?

Дали Арсовска сака да го приватизира ЈСП, бугарска компанија сака да го лапне по багателни цени?

Втор ден целосен колапс на Градот Скопје. Автобуси на крстосниците, граѓаните заглавени во автомобилите или пеш по улиците. Бројни жители на Скопје останаа заглавени со нивните автомобили на булеварите, откако приватните автобуски превозници ја почнаа најавуваната масовна блокада на градот.

Автобусите на здруженијата „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ги блокираа крстосниците кај „Црвен крст“ и кај „Мавровка“, како и дел од „Илинденска“. Протестот, како што нагласуваат превозниците, е поради повеќемесечен долг кон нив од страна на ЈСП, а за чие работење е надлежен Град Скопје.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, рече дека приватните превозници им се извинуваат на граѓаните за непријатностите, при што посочи вината за блокадата да се бара кај градските власти.

„Блокадите ќе останат на постојните места сè додека не се седне на маса и не се најде решение согласно законот и одлуката на Град Скопје“, рече Јовановски.

Тој воедно упати директни критики до градоначалничката Данела Арсовска, посочувајќи ја за директен виновник за настанатата ситуација.

Од друга страна пак градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска минатата недела посочи дека долгот што го бараат превозниците е нереален и ги обвини дека не издавале фискални сметки за продадени билети во автобусите. Од Град Скопје веќе ги раскинале договорите со здруженијата за приватен автобуски превоз и најавија дека ќе распишат јавен повик за нови индивидуални договори со приватни превозници.

Се поставува прашањето дали на овој начин се истиснуваат приватните превозници од градскиот превоз и дали постои вистина околу шпекулациите за превземањето на превозот од страна на бугарска компанија по багателни цени.

На оваа тема денес прес конференција одржа и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој што упати директни прашања во врска јавниот превоз и бугарската компанија.

„Дали зад тргањето на приватните превозници стои желбата превозот во Скопје да го превземе приватна фирма од Бугарија за која инсистира владата на Ковачевски? Дали на средбата Арсовска-Ковачевски било договарана оваа компанија од град близу Софија да биде единствен приватен превозник во градот Скопје“, праша Стоилковски.

Најнови вести