понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски ги посети војниците во Славјанск на Денот на вооржените сили на Украина

Зеленски ги посети војниците во Славјанск на Денот на вооржените сили на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува денеска во градот Славјанск во украинскиот Донбас, на околу 40 километри од Бахмут, главното боиште во регионот.

– Шефот на државата ги поздрави украинските војници по повод Денот на воорушените сили, соопшти претседателството на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи е објавена видео снимка со Зеленски пред влезот а Славјанск.

– Да се потсетиме на нашите паднати херои, за сите оние кои ги дадоа животите за Украина, рече Зеленски.

Тој повеќе пати ја посети линијата на фронтот од 24 февруари, кога Русија ја нападна Украина, досега.