вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Барселона без Арињо кој мора на операција

Барселона без Арињо кој мора на операција

Европскиот првак Барселона до крајот на сезона остана без услугите на левото крило Аитор Арињо, кој мора на операција.

Арињо заработи повреда на коленото, која мора да биде решена со оперативен зафат, и ќе го оддалечи од терените најмалку шест месеци, односно до крајот на сезоната.

Тоа значи дека тренерот Ортега остана само со шведскиот репрезентативец Хампус Ване, а во иднина друштво ќе му прави млад ракометар.