понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Тајландската гранична патрола убила 15 шверцери на дрога

Тајландската гранична патрола убила 15 шверцери на дрога

Тајландски војници убија 15 припадници на шверцерска група осомничена за шверц на дрога, во вооружена пресметка на северот на земјата во близина на границата со Мјанмар, соопштија денеска властите во Бангкок.

Според воената единица задолжена за безбедноста во северните погранични провинции на Тајланд, нејзините припадници синоќа пресретнале група осомничени кои носеле ранци во шумска планинска област и им наредиле да застанат, но тие одбиле.

Во утринската инспекција на местото на десетминутната престрелка, во округот Фанг, провинцијата Чианг Маи, армијата пронашла безживотни тела на 15 луѓе и 29 ранци полни со метамфетамини.

Нема повредени војници додека сè уште се истражува дали шверцерската група го транспортирала синтетичкиот наркотик од Мјанмар. Нема информации дали некој од осомничените избегал и за колкава количина наркотици станува збор.