Едно лице загина во поплави предизвикани од невообичаено обилен дожд во Португалија, во областа Лисабон, соопшти денеска службата за цивилна заштита.Лицето се удавило во поплавен подрум, а на други места се спасени десетици луѓе.
Во областа Лисабон, поплавата оштети многу автомобили, затворени се неколку железнички станици, тунели, патишта и улици во главниот град.
Додека жителите ја исфрла калта и надојдената вода од зградите, властите почнаа да ја проценуваат штетата иако невремето се уште не поминало.
Се верува дека причината е климатските промени, а за следната година во Лисабон е најавен посебен систем на подземни цевки за одвод на водата при екстремни временски услови.