Македонската е-спорт репрезентација во „кантер-страјк“ ќе се бори за светска титула утре рано наутро, откако селекцијата успеа да дојде до финалето на СП во Индонезија.
Противник на Македонија ќе биде Монголија во борбата за светскиот трон откако македонските кантераши преку Аргентина и Германија успеаа да стигнат до последната пречка пред искачувањето на светскиот трон.
Ова е втор нов голем успех годинава за македонскиот е-спорт, откако Мартин Саздов беше дел од тимот во Дота кој победи на „Интернешнл 11“. Инаку кантерашката селекција веќе е двоен европски и светски првак.