понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собранието ќе ја одржи 95-тата седница

Собранието ќе ја одржи 95-тата седница

Собранието денеска ќе ја одржи 95-тата седница, на чиј дневен ред се 32 точки, меѓу кои и Предлог законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, по скратена постапка.

Покрај за овој законски предлог, пратениците ќе расправаат и за измените на законите за јавни претпријатија и за вработување и осигурување во случај на невработеност, за измени и дополнување на законите за заштита на населението од заразни болести, за данокот на личен доход и за ДДВ, како и за одликата за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници.

На дневен ред на седницата, по скратена постапка, се и предлозите за изменување на законите за патни исправи, за младински додаток и за субвенциониран студентски оброк.

Пратениците, меѓу другото, ќе треба да ги разгледаат и предлозите за ратификација на неколку договори со ЕУ и со земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа, кои и за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

Најнови вести