Во Собранието денеска седници треба да одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за европски прашања и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за вештачење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола, Предлог на законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за фитофармација, по скратена постапка и барањата за давање на автентично толкување на неколку членови од Законот за урбанистичко планирање, од Законот за работните односи и од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Членовите на Комисијата за европски прашања на денешните две последователни седници се очекува да расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола, по Предлог законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, по Предлог законот за вештачење и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите и Предлог законот за изменување на Законот за фитофармација, двата во скратена постапка се точки на дневен ред на седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.