понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во тек е спасувачка акција во Ла Манш откако се преврте мал брод

Во тек е спасувачка акција во Ла Манш откако се преврте мал брод

Голема операција за пребарување и спасување е во тек во Ла Манш откако утрово доживеал несреќа мал брод, на кој се претпоставува дека имало околу 50 луѓе, јави Скај Њуз.

Британската агенција за поморска и крајбрежна стража соопшти дека голем број агенции – вклучително и крајбрежната стража, Кралската морнарица, граничните сили и француската морнарица – трагаат по бродот кој се превртел, додека авионска брза помош исто така е испратена на местото на настанот во близина на брегот на Кент.

Потрагата ќе продолжи цел ден, но во оваа фаза се стравува дека многумина се мртви со оглед на ниската температура на водата, пишува Скај Њуз. Секој ден ви изминатата седмица минималната температура се спушта под нулата.

Крајбрежната стража информира дека во тек е спасувачка информација, посочувајќи дека „немаат други информации“.