четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Обезбедена спортска опрема за гимнастика и спортски игри за сите основни училишта и градинката “Росица” во општина Ѓорче Петров

Обезбедена спортска опрема за гимнастика и спортски игри за сите основни училишта и градинката “Росица” во општина Ѓорче Петров

Во соработка со Амбасадата на Република Бугарија обезбедивме спортска опрема за гимнастика и спортски игри за сите основни училишта и градинката “Росица”, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Горче Петров Александар Стојкоски.

Денеска во училишната спортска сала во ООУ “Тихомир Милошевски” првпат практично беше промовирана дел од опремата од страна на учениците и наставниците по физичко образование.

Големи се придобивките за дечињата кои правилно се насочени кон спортувањето и навременото им се всадува љубов кон спортот.

Правилниот раст и развој, особено во ерата на 21-виот век, години на современа технологија и се поголемото влијание од социјалните мрежи ни е особено важен. Ова е наш начин да им овозможиме на најмладите квалитетно спортување и добра спортска култура. На овој начин тие учат дисциплина, што е авторитет, што е победа, а што пораз, и како да се справат со истиот, но и да делат. Да бидат тимски играчи, генерално во животот. Да научат да функционираат во екипа, затоа што на долг рок, тоа ќе им даде добри резултати на секое поле.

Благодарност до Амбасадата на Република Бугарија, заменик-амбасадорот Петар Петров и претставници од Амбасадата за донацијата и нивното присуство на денешниот настан.

Општина Ѓорче Петров и натаму останува на страна на подобрување на образовниот систем и образовните алатки, преки вакви и слични чекори кои ќе донесат добробит за децата, пишува во својата објава Стојкоски.