Неколку училишта утринава повторно добиле дојава за поставена бомба. Од МВР информираат дека досега во Скопје има пријави во 17 основни и 22 средни училишта, а во Куманово 8 основни, плус еден клон на училиште и едно средно училиште.
Во најголем дел од училиштата во Скопје завршени се проверките и утврдено е дека е лажна дојава. За останатите каде уште траат проверките, ќе информираме дополнително, велат од МВР.
Во Куманово се завршени сите проверки и утврдено е дека се лажни пријавите.