сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради дојава за бомба е откажан настанот на кој требаше да се обрати Ковачевски

Поради дојава за бомба е откажан настанот на кој требаше да се обрати Ковачевски

Поради најава за поставена бомба годишната конференција на Стопанската комора на Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа.

На настанот во рамки на конференцијата требаше да се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Претходно серија дојави за наводно поставени бомби имаше во повеќе училиштата, институции и трговски центри низ државава.

Ова е прв случај за најава на поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.

Најнови вести