вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

АТП: Хрватот Чориќ повратник на годината

АТП: Хрватот Чориќ повратник на годината

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ победи во конкуренција на Швајцарецот Стен Вавринка, Кинезот Ву Џибинг и Доминик Тием од Австрија, и ја освои наградата на АТП за повратник на годината, откако во изминатите 12 месеци напредуваше на ранг-листата од 278. на 26. место.

Чориќ годинава имаше импресивно враќање на тенискиот терен, откако отсуствуваше од тенисот во 2021 поради операција на десното рамо.

Неговиот најголем успех во 2022 е триумфот на АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Синсинати, совладувајќи ги на патот до титулата Рафаел надал, Феликс Оже – Алијасим и Стефанос Циципас.

„Исклучително сум среќен поради освојувањето на оваа награда. Многу ми значи, како што ми значеше и целата оваа успешна година која се случи по сите проблеми низ кои морав да минам. Можам само да се надевам дека идната година ќе биде уште поуспешна“, изјави Чориќ.