петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еден од најголемите ракометни клубови во Европа е пред колапс

Еден од најголемите ракометни клубови во Европа е пред колапс

Еден од најголемите европски клубови и актуелен шампион на Полска, Келце годината ја заврши со победата против Целје од 36:28, но по тој натпревар во центарот на вниманието беше апелот на тренерот Талант Душебаев.

Келце претходно се соочуваше со финансиски проблеми, потоа дојде до стабилизација, но од 1. јануари клубот останува без главниот спонзор и проблемите се вратија. На ракометарите, стручниот штаб и вработените веќе им се должат сериозни суми.Последниот натпревар во годината Душебаев го искористи да испрати апел.

„Да го спасиме овој клуб! Ние имаме нешто што никаде го нема. Испраќам апел до градоначалникот Богдан Вента, до властите во регионот и до вас новинарите да помоегнете да не го изгубиме она на што работевме неколку децении. Играчите тука се мои деца, вие новинарите сте мое семејство кое не сакам да го напуштам. Иако имаше проблеми од почетокот на сезоната, ниту јас ниту момците не зборувавме за заостанатите долгови. Моја желба е да бидам тука до крајот на тренерската кариера“, порача Душебаев.

Во својата историја Келце освои 19 титули во првенството, седум трофеи во Купот на Полска, а во сезоната 2015/2016 ја освои Лигата на шампионите.