Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ги информираше фановите дека неговиот долгогодишен тренер Франциско Роиг реши да го напушти стручниот штаб.
Шпанскиот тренер работеше со Роиг од 2005 година, а тој беше дел од сите грен-слем авантури и дури 22 трофеи освоени од Надал.
– Сакам да ве информирам дека Франциско Роиг го напушти мојот тим и ќе започне нов личен проект како тренер. По 18 сезони со мене, односно почна да работи со мене додека во тимот беше мојот чичко Тони, а продолжи и откако соработувам со Карлос Моја и Марк Лопез. Франциско е важна личност во мојата кариера и благодарен сум за овие години на големо пријателство, – вели Надал во дел од соопштението.