Српската пејачка Мина Костиќ која веќе некое време ужива со новиот дечко Никола, доживеа непријаности во емисија кога еден од гостите искоментира дека пејачката наводно правела магии.
Водителката на таа емисија, Јована Јеремиќ искомнетира дека новиот дечко на Мина добро изгледа, па додаде дека пејачката од секогаш имала згодни момчиња потсетувајќи на Игор Костиќ и Игор Х.
-Какви магии? Јас не верувам во тие глупости, верувам во Бог, магии не ме интересираат, не знам, не ме интересираат, рече Мина.
Само да потсетиме дека Мина Костиќ веќе некое време ужива со својот 15 години помладо момче Никола, со кој како што кажа сака брак и деца. Таа откри дека нејзината ќерка Анастасија фантастично се сложува со Никола.