Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН и ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:
Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, на ден 20.12.2022 година ( вторник ), без електрична енергија ќе бидат корисниците од о. Карпош, во период од 10:00 до 13:00 часот дел од Џумајска (о. Карпош).
Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа на ден 20.12.2022 година (вторник), без водоснабдување ќе бидат корисниците од о. Центар и тоа:
Поради уличен дефект на Стив Наумов 71 (по старо Ленинградска), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Стив Наумов и дел од ул. Пролет, вклучително полициската станица и амбулантата на МВР. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(о. Центар).