среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сега е време да ја засадите Божиќната пченица: Следете ги овие чекори и ќе имате совршен украс во домот

Сега е време да ја засадите Божиќната пченица: Следете ги овие чекори и ќе имате совршен украс во домот

Младата и зелена пченица е нешто што многумина сакаат да ја краси празничната трпеза, а еве неколку совети кои ќе ви помогнат оваа година таа да биде богата, убава и густа.

Еден од најголемите симболи на најрадосниот христијански празник е божиќното жито кое би требало да биде зелено и бујно за да бидат такви и сеидбите во текот на годината.

За да бидете сигурни дека пченицата ќе никне во вистинското време и ќе биде богата и густа, важно е да се придржувате кон следните совети:

1. Припремете се за садење

Пред да ја посеете пченицата, потребно е семињата да ги натопите во млака вода и да ги оставите преку ноќ да отстојат. После тоа, исушете ги на хартиена крпа и посејте ги.

Пченицата е најдобро да се посади на чинија или во помала саксија.

2.Не штедете семе

Немојте да штедите на семињата и прекријте го целото дно од садот така што нема да остане ни едно празно место – дури е пожелно на некои места семето да се преклопува.

Потоа прекријте го со уште еден слој земја. Наместо земја, можете да употребите и слој од памук натопен со вода и по него наредете ги пченичните зрна. Ватата е практична затоа што го впива вишокот течности.

3. Пченицата чувајте ја на светло место

Не ја чувајте пченицата на место каде што има премногу греење затоа што може да се исуши. Најдобро е да ја ставите покрај прозорецот, на топло и светло место.

4. Заштитете го семето со фолија

Првите неколку дена, пред пченицата да почне да никнува, прекријте ја со алуминиумска фолија која чува влага. Штом почне да испушта зелени издатоци, тргнете ја фолијата и полевајте ја пченицата умерено секој ден.

За заливање на пченицата која е посеана во чинија, ви е потребна околу една лажица вода.

5. Отсечете ги врвовите и украсете ја пченицата

Кога пченицата ќе нарасне, отсечете ги врвовите така што ќе бидат со подеднаква висина. Обичај е исто така да врзете украсни тробојни врвки околу пченицата. Пазете врвката да не ја стегнете прецврсто туку само колку да останат на место.