недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откриено ново наоѓалиште на природен гас во Ексклузивната економска зона на Кипар

Откриено ново наоѓалиште на природен гас во Ексклузивната економска зона на Кипар

Министерството за енергетика, трговија и индустрија на Кипар соопшти дека успешно завршиле дупчењата во Блокот шест во Ексклузивната економска зона и било откриено ново, трето по ред, наоѓалиште на природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Дупчењето изведено со бродот „Tungsten Explorer“ на оддалеченост од 162 километри од брегот на Кипар и на длабочина во водата од 2.300 метри, покажа постоење на колона на чист природен гас од 105 метри, со количества, кои според прелиминарните проценки изнесуваат вкупно две до три трилиони кубни стапки (Tcf), соопштија од надлежното кипарско Министерство.

Истражувањата ги водеа операторот „Eni Cyprus Limited“ и „Total Energies EP Cyprus B.V“, а компаниите, заедно со Министерството „ги разгледуваат начините за забрзување и оптимално искористување на откритијата во Блокот шест“.