вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид ја пушта во функција новата клупска база, со стратегија за иднината!

РК Алкалоид ја пушта во функција новата клупска база, со стратегија за иднината!

Новиот македонски суперлигаш РК Алкалоид врти нова страница во кратката клупска историја пред крајот на 2022 година. Управата официјално во функција ќе ја пушти новата клупска база и ќе промовира стратегија за иднината.

Ракометниот клуб Алкалоид во сабота закажа официјално пуштање во функција на реновираната спортска сала „Автокоманда“ која ќе биде новата ракометна база на клубот. Досега Алкалоид претежно своите дуели ги играше во СЦ „Јане Сандански“, ама од следната година ќе биде поинаку.

Истовремено, Алкалоид на тековната средба ќе промовира и стратегија за иднината. Раководителите пред медиумите ќе разговараат за стратегијата и визијата за развојот на екипата, како и на осумте младински ракометни школи од кои целта е да се црпат идни репрезентативци.

РК Алкалоид ја игра првата сезона во македонската ракометна Суперлига, а тимот на Кирил Лазаров имаше одличен прв дел во кој заврши како втор на табелата и во разигрувањето за титулата и Европа пренесува два бода.