недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Се огласи директорот на Австралија Опен

Се огласи директорот на Австралија Опен

Директорот на Австралија Опен, Крег Тејли, денес истакна дека го очекуваат најдобриот тенисер од Србија следната година, односно за десетина дена, да пристигне во Австралија, каде ќе го игра по долг период, турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Дубаи, каде учествува на егзибиционистички турнир од Светската тениска лига. Најдобриот српски тенисер најави дека од 1. до 8. јануари идната година, ќе игра во сингл и дубл на АТП турнирот во Аделаида.

Фокусирани сме на тоа да му посакаме добредојде на Ѓоковиќ, бидејки следната недела тој пристигнува овде. Ќе игра во Аделаида и потоа на Австралија Опен. Зборував со него низ годината која измина и можам да кажам дека е голем шампион, го игра најдобриот тенис и ќе биде фаворит овде. Популарен е во Австралија, бидејки овде има голема база на фанови. Последните две години беа тешко за се во светот, не само за Австралија Опен. Ако се вратите чекор назад и погледнете низ што се минавме, тогаш ќе сфатите дека не беше се во наша контрола“, истакна Тејли.

Ѓоковиќ низ кариерата девет пати го освојуваше Австралија Опен, а следната година ќе се оддржи од 16. до 29. јануари.