сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Уапсен припадник на германската разузнавачка служба поради сомневање за шпионирање во корист на Русија

Уапсен припадник на германската разузнавачка служба поради сомневање за шпионирање во корист на Русија

Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека вработен во Федералната разузнавачка служба на земјата (БНД) е уапсен под обвинение за шпионирање за Русија.

Човекот идентификуван како Карстен Л. бил приведен вчера и е обвинет за предавање информации, вклучително и државни тајни, на руската разузнавачка служба. Полицијата како дел од случајот извршила претрес во неговиот стан и канцеларија, како и кај уште едно лице.

Претседателот на БНД, Бруно Кал, истакна дека агенцијата започнала истрага откако добила индиции за „можно предавство во сопствените редови“ и посочи дека случајот е „чувствителен“ бидејќи Русија се смета за „опасен противник“.  (МИА)