недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Општина Гази Баба добива Зелен катастар

Стефковски: Општина Гази Баба добива Зелен катастар

Денес 23.12.2022 година, се оддржа презентација на Зелениот катастар на општина Гази Баба.

Ова беше ветување на градоначалникот Стефковски дадено во изборната кампања.

За промоцијата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Општина Гази Баба добива Зелен катастар!

Се реализира уште едно ветување од изборната програма.

Општина Гази Баба е една од општините во Македонија и регионот која своето работење го темели на принципите на оддржливиот развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Изработката на Зелениот катастар ќе биде основа за унапредување на зелените урбани површини кои покрај функционалните, рекреативните и социјалните функции допринесува кон намалување на загадувањето и намалување и адаптирање на климатските промени.

Со Зелениот катстар ќе се создаде база на податоци за точната местоположба, големината и состојбата на зелените површини. Ќе се создаде можност за евидентирање на сите промени кои се случуваат на зелените површини.

Унапредувањето, заштитата и зголемувањето на површините под зеленило е мојот предизвик на кој изминатата година посветивме големо внимание.