сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија

Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија

Под мотото ,,Биди Хуман – предизвикај насмевка”, денеска во центарот на Скопје и на пунктови во населени места низ Македонија, како Унија на млади сили собираме донации на средства за помош на поединци и семејства на кои тоа им е најпотребно.

Веруваме дека сите ние имаме значајна улога во подобрување на секојдневниот живот и како млади луѓе оваа нова година целиме кон тоа да предизвикаме насмевка на лицата на нашите сограѓани кои имаат потреба од помош. Со здружен труд, можеме заеднички да оттргнеме барем дел од грижите на многумина околу нас.

Да покажеме доблест и солидарност во овие несигурни времиња и на најмладите да им помогнеме да имаат безгрижни празнични денови и да предизвикаме насмевки на нивните лица.

Најнови вести