Причината за смртта била срцеви компликации. Имаше 45 години.
„Стефан Бонар беше еден од најважните борци што некогаш се натпреварувал во октагонот. Навивачите го сакаа, се поврзуваа со него и тој секогаш им даваше сѐ од себе. Ќе ни недостига“, објави претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.
Бонар беше дел од пресвртната точка во историјата на УФЦ. Во 2005 година, тој се бореше со Форест Грифин во финалето на првата сезона на реалното шоу The Ultimate Fighter, во кое, во текот на три рунди, противниците обезбедија толку интензивна, трогателна и возбудлива борба што и двајцата добија покана да се приклучат на УФЦ.