вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Црна Гора без неколку стандардни репрезентативци ќе биде „спаринг партнер“ на Македонија

Црна Гора без неколку стандардни репрезентативци ќе биде „спаринг партнер“ на Македонија

Ракометната репрезентација на Црна Гора ќе биде „спаринг партнер“ на Македонија во пресрет на Светското првенство во јануари. Оваа репрезентација ќе гостува во Маврово, ќе се одиграат две тест средби на 27 и 28 декември.

На овие натпревари тимот нема да го води селекторот Зоран Рогановиќ кој има клупски обврски, па Бранко Божовиќ ќе го заземе неговото место. Црна Гора нема да биде во целосен ростер, бидејќи ќе им недостигаат голем дел првотимци.

  • Списокот на играчи на Црна Гора за средбите во Маврово:

Голмани: 
Никола Матовиќ, Јагош Брауновиќ, Василије Печурица, Василије Вујовиќ
Крила: 
Филип Вујовиќ, Александар Бакиќ, Мирко Радовиќ, Лука Радовиќ
Кружни напаѓачи: 
Вук Лазовиќ, Миодраг Ќорсовиќ, Лука Вујовиќ
Бекови: 
Ристо Вујачиќ, Лука Вукичевиќ, Божидар Симиќ, Стеван Вујовиќ, Милош Божовиќ, Александар Гленџа, Лука Барјактаровиќ

 

Во тимот ќе недостигаат Симиќ, браќата Вујовиќ, Чепиќ, Шеваљевиќ, Ласица, Грбовиќ, Анџелиќ и Калуѓеровиќ. Црногорците сакаат да ги искористат овие натпрвари како шанса за дел од играчите кои имаат помала минутажа.