Македонскиот ракометен шампион Вардар добива ново име, засилување во своите редови и тоа на бековската позиција.
Имено нов член на „црвено-црните“ ќе биде бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира кој досега беше дел од шпанскиот прволигаш Ла Риоха.
Медиумите на Пиринеите пренесуваат дека се е договорено, па бекот по СП во Полска и Шведска ќе слета во Скопје и ќе им се приклучи на новите колеги. Дутра има 26 години, висок е 184 сантиметри и сигурно ќе донесе квалитет во таборот на „вардарци“.