вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Ванчо Димовски ќе настапи како ветеран на хуманитарен натпревар: Ако ѝ донесеме среќа на репрезентацијата, ќе се собираме секоја година

Ванчо Димовски ќе настапи како ветеран на хуманитарен натпревар: Ако ѝ донесеме среќа на репрезентацијата, ќе се собираме секоја година

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го најави хуманитарниот ракометно-музички настан под името „Сите ѕвезди“. Истиот ќе се одржи на 3-ти јануари во СЦ „Борис Трајковски“.

Ванчо Димовски и Стојанче Стоилов ќе го предводат составот на 20-те ракометни ветерани.

Димовски денес се обрати на официјалната прес-конференција.

-Ме радува настанот, тоа што после долги години ќе се собереме сите на едно место. Се надевам дека ќе се припремиме што е можно подобро и дека ќе се прикажеме во супер светло. Со оваа прес-конференција завршува спортската 2022-та, ракометот ја отвора 2023-та во јануари. Ние ја имаме таа чест, заедно со репрезентацијата, настанот на 3-ти да ни биде првиот во новата година. Ако тоа им донесе среќа на репрезентативците на СП, нека ни биде пракса да се собираме секоја година, рече тој.