сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ смени важен човек од тимот, заедно работеа со години! (ВИДЕО)

Ѓоковиќ смени важен човек од тимот, заедно работеа со години! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, како што може да се слушне од тениските кулоари, го смени физиотерапевтот Улисес Бади.

Наместо овој стручњак, Србинот сега ќе работи со Италијанецот Клаудио Зимаглија, кој е професор на Академијата за остеопатија во Торино и физиотерапевт.

Овој стручњак до неодамна соработуваше со Брендон Накашима, а беше и во тимовите на Милош Раониќ и Јаник Синер.

Во приложеното видео можете да видите како излегува заедно со Србинот на терен додека овој тренира во Австралија, што прилично ја потврдува оваа вест.