петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Винсент Крихмајер најдобар на спустот во Бормио

Винсент Крихмајер најдобар на спустот во Бормио

Винсент Крихмајер е победник на легендарната спуст трка во италијанскиот ски-центар Бормио како дел од Светскиот куп во алпско скијање. Австриецот до победата стигна со време од 1:54.48 минута, што беше за 40 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Канаѓанец, Џејмс Крофорд.

Подиумот го надополни лидерот во конкуренција на спуст, Норвежанецот, Александер Омот Килде кој доцнеше 68 стотинки зад времето на победникот. Водечкиот во генералниот пласман, Швајцарецот, Марко Одермат заврши на четвртата позиција со заостанување од 1.46 секунда зад победничкото време.