понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борел: Руските воени злосторства нема да поминат неказнето

Борел: Руските воени злосторства нема да поминат неказнето

Високиот претставник на Европска Унија,  Жозеп Борел денеска изјави дека „руските воени злосторства нема да поминат неказнето“, како и оти ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина.

-Уште еден бесмислен и голем руски ракетен напад врз Украина кој неселективно уништува инфраструктура и медицински институции, намерно цели и убива цивили, напиша Борел на Твитер.

Градовите низ Украина, вклучително и Киев денеска се цел на руски ракетни напади. Според украинските власти, руските сили истрелале повеќе од 120 ракети. (МИА)