понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски со Дедо Мраз и пакетчиња ги израдува децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

Коњановски со Дедо Мраз и пакетчиња ги израдува децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

Со најубави желби за многу радост, среќни денови и новогодишни пакетчиња, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во придружба на Дедо Мраз, денес им ги честита новогодишните празници на децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас.

При посетата на Заводот, градоначалникот Коњановски разговараше и со директорката Дивна Живорадиќ Најдовска и стручните соработници, за условите во кои се вршат специјалистичко консултативни прегледи, рехабилитациони постапки, според медицински индикации, како и специјалистички рехабилитациони третмани на лицата со проблеми на слухот, говорот и гласот, преку превентива и дијагностика.