Семејството на најголемиот фудбалер во историјата, Бразилецот Пеле, ја објави последната заедничка фотографија, испраќајќи го во вечноста. Тој почина по тешка битка со рак на дебелото црево.
„Тоа што сме денес е благодарение на тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир“, објави неговата ќерка Кели Кристина Насименто под фотографијата на која сите членови на семејството го држат Пеле за рака.
Семејството последните десетина дена ги мина во клиниката „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде Пеле беше хоспитализиран од крајот на ноември.