Поранешниот освојувач на Грен слем трофеј, Доминик Тием, доби посебна покана да заигра на првиот голем турнир следната година. Австриецот ќе настапи на Австралија Опен, откако организаторите му упатија покана и покрај лошиот пласман и проблемите со повредите.
Тим минатата година падна под 300-та позиција на АТП ранкиингот, меѓутоа ја крена формата и успеа да се врати назад меѓу најдобрите сто. Во моментов тој ја зазема 102. позиција на ранг-листата, а не настапи на минатиот турнир во Мелбурн порадии повреда.
Освен Тим, „вајлд-карти“ добија Кристофер Еубанкс и Лука Ван Аше, додека кај дамите тоа се Тејлор Таунсенд и Дајана Пери. Остануваат уште по две специјални покани за настап на Австралија Опен, а истите ќе бидат поделени следната седмица.