Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази сочувство по смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти.
-Го паметиме папата Бенедикт како скромен човек на молитва и проучување, рече Гутереш денеска.
Тој нагласи дека покојниот папа бил „принципиелен во својата вера, неуморен во потрагата по мир и решителен во одбраната на човековите права“. (МИА)