Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов ќе присуствуваат на увид на реализацијата на проектите во општина Неготино.
Како што најавуваат од партијата, увид ќе биде извршен во изградбата на атмосферска и фекална канализација од Тимјанички пат, изградба на колектор за одведување на отпадни води и уредувањето на околината на ,,Саат кулата” во Неготино каде се предвидени изјави.
Настанот е во рамките на активноста „Промените на дело“.