понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во СДС бара избори, Ковачевски и Зечевиќ ја држат Македонија во заложништво

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во СДС бара избори, Ковачевски и Зечевиќ ја држат Македонија во заложништво

Две кариери, онаа на Димитар Ковачевски и таа на Миле Зечевиќ ја држат Македонија во заложништво. Тие знаат дека предвремени избори ќе значат крај на нивните криминални кариери, и почеток на промените за посигурна иднина на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека дури и мнозинството во СДС, членови, министри и дел од пратениците заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќорсокакот во кој раководството на СДС, Ковачевски и Зечевиќ, ја втурнаа државата.

-Додека сите очекуваат избори, Ковачевски не сака избори, за да продолжат тендерите и бизнисите на фирмите на неговиот кум, бизнисите на неговото најтесно семејство. Додека Македонија е на колена, семејството Ковачевски врти милиони од власта која ја ползува. И додека Македонија тоне, Ковачевски си продолжува да биде верен калфа на Ахмети и да слуша пораки од Зајас, но и од Струмица. Таквата коалиција на хаосот надоградена со поддршката на фолирантите од Левица на локално ниво ја упропастува секоја иднина на секој еден граѓанин. Лекот и излезот се избори, а Ковачевски, ако ништо друго нека го слушне гласот на народот и на своето членство. Македонија не смее да биде заложник на криминалните кариери на Зечевиќ и Ковачевски, се наведува во соопштението на партијата.

Најнови вести