понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Полјакот Кубацки триумфираше во Инсбрук

Полјакот Кубацки триумфираше во Инсбрук

Давид Кубацки од Полска е победник на третата претпоследна станица од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Инсбрук. Кубацки триумфираше со скокови од 127 и 121,5 метри со вкупно 265,2 поени.

Второпласиран беше водечкиот во генералниот пласман на турнејата, Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, кој со скокови од 123 и 133 метри освои 261,7 поени. Трет беше Словенецот Анже Ланишек со 258,8 поени.

Во вкупниот пласман на Светскиот куп Кубацки е прв со 870 бодови, втора е Словенецот Анже Ланишек со 742, а трет Гранеруд со 696 бодови.

Што се однесува до Новогодишната турнеја, Гранеруд и натаму има предност (877,8 бодови) и е прв пред Кубацки (854,5), трет Ланишек (823,5) па победникот ќе се решава на завршната скокалница во Бишофсхофен на 5 и 6 јануари.