недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ го исфрли Медведев и избори финале во Аделаида

Ѓоковиќ го исфрли Медведев и избори финале во Аделаида

Српскиот тениски ас успеа со 2:0 во сетови да го елиминира рускиот мајстор Даниил Медведев и да се пласира во финалето на турнирот кој е загревање за Австралија опен.

Новак Ѓоковиќ првиот сет го реализираше во своја полза за време до 39 минути со 6-3, а вториот беше нешто понеизвесен, но Русинот сепак немаше сили да направи пресврт и загуби со 6-4.

„Среќен Божик на сите што слават денес, фала што дојдовте тука“, изјави Новак веднаш по завршувањето на натпреварот.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Американецот Себастиан Корда кој во првото полуфинале го кина Јапонецот Јошихито Нишиока во натпревар кој не го дочека крајот. Корда водепе со 1:0 откако првиот сет го доби со 7-6, а при водство од 1-0 во вториот противникот поради повреда го предаде натпреварот.

Финалето е на програмата утре од 8:30 часот по македонско време, односно 18:00 по локално.