недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот го прекршил законот или за Бадник правел планирана политичка пропаганда со деца (ВИДЕО)

Премиерот го прекршил законот или за Бадник правел планирана политичка пропаганда со деца (ВИДЕО)

Премиерот Ковачевски кој вчера објави скапо видео од пречекот на коледарчиња во неговиот дом направил еден од двата можни ,,фаули” за време на вчерашната пропаганда кога објави материјал на кој се гледаат деца.

Според македонските закони но и етичките правила Ковачевски морал да обезбеди согласнот од родителите за да ги објави ликовите на децата кои се појавуваат во скапиот спот за кој се користени најмалку две камери или децата се враќани два или повеќе пати за да се сними спотот.

Ако не добил потпис од родителите за да ги објави коледарчињата Ковачевски може да биде тужен.

Ако пак добил согласнот од родителите тогаш премиерот и неговиот тим за пропаганда признаваат дека пречекот на коледарчињата не бил воопшто спонтан во духот на христијанската традиција туку дека се работи за местен ПР настан кој на Ковачевски требало да му донесе политички поени.

На пречекот на коледарчињата Ковачевски на денот кога семејствата треба да бидат дома заедно се појави сам иако пред една недела во божиќната честитка се сликаше со своето семејство.

Повеќе на оваа тема прочитајте на Експрес.мк

Најнови вести