недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Осака се повлече од Австралија Опен

Осака се повлече од Австралија Опен

Двократната шампионка на АО, Наоми Осака потврди дека нема да игра на Австралија опен, продолжувајќи ја долгата пауза од тенисот.

Јапонката, која победи во Мелбурн во 2019 и 2021 година, падна на 47. место на ВТА листата откако нема играно од септември, кога се повлече од второто коло на домашниот турнир во Токио.

Минатата недела таа на социјалните мрежи објави фотографии од своето патување во Европа заедно со своето момче, американскиот рапер Кордеј и нејзиното повлекување беше очекувано.

Австралија опен, кој стартува на 16 јануари веќе загуби поголем број на ѕвезди, вклучувајќи го светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз поради повреда, како и Симона Халеп и Венус Вилијамс.