Новак Ѓоковиќ по голема борба и неколку пресврти, по тај-брејк го загуби првиот сет во финалето на турнирот во Аделаида против Себастијан Корда, што предизвика голем бес кај Србинот.
Цехот на неговата нервоза по загубениот сет во кој имаше можност да го освои неочекувано го плати неговиот брат Марко. По крајот на првиот дел од играта, популарниот Ноле само се сврте кон својата ложа и покажа кон помалиот брат и му кажа да ги напушти трибините. Марко го послуша и си замина.
😳😳😳 Djokovic le dice a su hermano que se marche del box tras perder el primer set. pic.twitter.com/4LukkRWK7o
— Germán R. Abril (@gerebit0) January 8, 2023
Ѓоковиќ заигра подобро во вториот сет, кој го доби исто така во тај-брејк со убедливи 7-3, што значи дека победникот на турнирот ќе биде решен по решавачки трет сет.