петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров до среда ќе го скрати списокот за СП во Полска

Лазаров до среда ќе го скрати списокот за СП во Полска

Ракометната репрезентација на Македонија  се врати во Скопје од гостувањето во Хрватска. Кире Лазаров  сега треба да го скрати списокот на патници за мундијалот во Полска.

По втората средба со Израел Лазаров изјави дека е задоволен од прикажаното и залагањето на ракометарите, пред се од ефикасната и брза игра и сега во наредните денови ќе се работи на подобрувањето на играта во одбраната.

Да потсетиме во Пореч настапивме без Талески и голманот Никола Митревски ,, играчи од првата постава што дава оптимизам за уште подобри изданија на националниот тим на средбите во Краков.

Токму од тие причини  селекторот во последен момент ќе одлучи кои играчи нема да патуваат на ракометниот мундијал.

„Во Полска патуваме со 18 играчи, но како опција ќе останат сите 21 ракометар, кои ги изработија подготовките. Имам уште неколку дилеми за конечните патници, најдоцна до среда мислам дека ќе донесам одлука“, рече Лазаров.

Експедицијата за Краков ќе отпатува на 11 . јануари а првата средба ја играме во петок против Норвешка. Потоа следуваат дуелите со Холандија и Аргентина.