сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: Со Шоле разговаравме и за борбата против корупцијата

Ковачевски: Со Шоле разговаравме и за борбата против корупцијата

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски по неговата денешна средба во Скопје со советникот во американскиот Стејт департмент Дерек Шоле изјави дека како дел од темите за кои разговарале била и борбата против корупцијата и владеењето на правото.

Притоа Ковачевски му ги преставил на Шоле високите случаи на корупција што се покренати во Македонија и некои напредоци во судството, бидејќи според негова оценка, не е се црно во оваа сфера. „Не разговаравме за (американскиот) тим за спроведување на санкции и за тоа што имаат работено во Скопје.

Разговаравме за сите конкретни чекори што ги презема Владата при што јас го информирав за сите законски решенија што се донесени или се подготвени за да се унапредат судскиот и правосудниот систем“, рече Ковачевски, наведувајќи дека станало збор и за сите унапредувања што се направени во судскиот и правосудниот систем изминатите години, за зголемените перформанси во борбата против криминалот и корупцијата и тоа особено на високо ниво.

Според Ковачевски на средбата се разговарало и за енергетската криза, европските интеграции, за потребата да продолжат реформите и за уставните измени што треба да се случат кај нас, за претседавањето со ОБСЕ и за соработката со САД за да се зајакнат судскиот и правосудниот систем и владеењето на правото во земјата. Тој додаде дека се договориле да се засили соработката со САД околу борбата против корупцијата и владеењето на правото, дека средбата била исклучително позитивна и дека веќе договориле нов состанок во првата половина од оваа година на кој ќе се разговара за стратешкиот дијалог и во тие рамки и за оваа тема.

Во врска со уставните измени премиерот рече дека тој ги поддржал не само таа туку и сите одлуки што ќе следат до зачленувањето во Европската унија, бидејќи на таа тема секогаш сме имале поддршка од САД и бидејќи не постои друга алтернатива на таа стратешка определба, како што беше и влегувањето во НАТО.

Најнови вести