вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Јарецот да побара помош од блиските, Стрелецот да ги преиспита своите чувства

Јарецот да побара помош од блиските, Стрелецот да ги преиспита своите чувства

ОВЕН

Ако имате некоја дилема, пуштете да пројде одредено време пред да донесете одлука која не се однесува само на вас. Поработете на комуникацијата ако сакате да го сочувате бракот/врската. Имате дилеми, поразговарајте со некој. Проблеми со варењето на храната. Внимавајте што јадете.

БИК

Ве очекува прилика да остварите големи промени и тоа ви претставува задоволство. Само одете напред и не се вртете назад. Многу добар период за љубов. Немојте да бидете брзи денеска. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Мали компликации кои ќе ве следат денеска, не се ништо страшно, ниту сериозно, затоа останете смирени. Време е да направите прв чекор кон личноста која ви се допаѓа. Согледајте ја целокупната ситуација на крајот од денот, за утре да не ги правите истите грешки. Проблеми со грлото.

РАК

Некој ве набљудува и ги оценува вашите постапки, затоа потрудете се да дадете свој максимум што и да правите. Не сте посветени на партнерот. Финансиите сега ви се подобри, може да очекувате и некоја исплата. Проблеми со воспаленија.

ЛАВ

Не е добар ден и затоа немојте да очекувате премногу. Тешко ви паѓа и работа и се што е врзано надвор од домот. Со своите грешки трајно сте го упропастиле односот. Само одработете ги работите на време, не одложувајте ништо за утре. Водете сметка околу исхраната.

ДЕВИЦА

Постои можност некој да ви побара мала услуга, поради тоа нема да ви биде право. Денеска не сте расположени на било кој да му излезете во пресрет. Малите работи во животот повеќе значат од поголемите, но сега очекувате партнерот да направи чекор. Денеска би било најдобро ако излезете на кратка прошетка да ги средите мислите. Невроза.

ВАГА

Премногу сте несигурни. Наскоро може да почувствувате здодевност, а ќе нема кој да ве расположи. Чувствувате носталгија. Можеби не е во прашање конкретна личност, туку време кое засекогаш поминало. Запознавање преку работа со личност која може да ви помогне околу работите кои ве мачат. Внимавајте на исхраната.

ШКОРПИЈА

Некои стресни ситуации од претходниот период не би требало денеска да имаат влијание на вас. Едноставно продолжете понатаму. Интересна прилика е пред вас, но сега се двоумите и сте многу несигурни, иако тоа не го покажувате. Завршете ги работите кои сте ги почнале и уживајте во остатокот на денот онака како што најмногу ви одговара. Внесувајте повеќе течности.

СТРЕЛЕЦ

Деновите зад вас беа некако забрзани, а сега е време малку да го забавите темпото и да одморите од се. Преиспитајте ги своите чувства. Ако веќе долго време се потпирате на некои работи кои ви се намтнуваат, денеска е ден кога некој може сериозно да ви замери. Проблеми со грлото.

ЈАРЕЦ

Ако се чувствувате преморени, а имате желба за одмор, побарајте помош од блиски лица. Време е да се свртите кон иднината, а минатото да го оставите зад себе. Избегнувајте конфликти и несакани вербални расправии. Намалете со алкохолот.

ВОДОЛИЈА

Активностите во кои денеска учествувате, може многу да ве заморат и да ви ја одземат енергијата. Издржете, потоа следуваат мирни денови. Се може да биде така едноставно, само да не се лажете себе, а потоа и другите. Потребно ви е малку да одморите од работа. Болки во зглобовите.

РИБИ

Ако нешто веќе сте испланирале, не трошете пари на ситници кои не ви се потребни. Воздржете се и спроведете го планот до крај. Потребно е да пружите еден на друг безрезевна поддршка. Потрудете се да направите се да оди во ваша корист. Некогаш и замижете ако треба. Не се предавајте.